Сојузниот претседател на Австрија Хајнц Фишер изјави дека со Русија треба да се води дијалог, а не да се заострува атмосферата, пренесува РИА „Новости“.
Својата позиција околу прашањата од меѓународната политика тој ја искажа во интервју за „Фајненшел Тајмс“. Изданието истакнува дека Фишер бил критикуван по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Виена во 2014 година и се залага за „побалансирана“ и „мирна“ позиција на Австрија во однос на Русија како дамнешна традиција на австриската неутралност.
„Сметаме дека е многу подобро да се води дијалог со Русија, отколку повторно да се заострува атмосферата“, рече Фишер. Тој исто така објасни дека откако руската армија била повлечена од Австрија во 1955 година, Виена немала негативно искуство во односите со Москва.
Фишер објасни дека „модернизираната“ и „неидеолошка“ неутралност претставува стабилна снова за надворешната политика на Австрија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче