Русија планира да испорача опрема и хеликоптери за „Мистралите“ што Египет ги купи од Франција. Вкупниот износ на зделката може да надмине 1 милијарда долари, изјави шефот на администрацијата на претседателот на РФ Сергеј Иванов, а пренесува ТАСС.
„Египет планира да ги купи „Мистралите“ од Франција, а Русија ќе биде, ако сакате, подизведувачот кој ќе ја испорачува за тие „Мистрали“ опремата што недостасува, без која „Мистралите“, простете, кажано поделикатно – се „конзерва“ – и, се разбира, сите хеликоптери, што вкупно ќе изнесува над 1 милијарда долари“, потенцираше претставникот на Кремљ.
„Египет ќе ги купи „Мистралите“ од Франција, а потоа, откако зделката ќе биде затворена, кажано на деловен јазик, тогаш Египет, очигледно, - не тврдам, но претпоставувам, - ќе склучи договор со РФ за доопремување на „Мистралите“ - како на самиот брод, така и на хеликоптерите, и ќе даде суштински придонес во борбата со меѓународниот тероризам“, изјави шефот на администрацијата на претседателот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.