Руската авијација за 24 часа во Сирија уништила 49 објекти на терористите

Руското Министерство за одбрана соопшти и дека терористите масовно ги напуштаат своите позиции во реонот на Дамаск.

Авионите на руската авијација за 24 часа во Сирија уништиле 49 инфраструктурни објекти на „Исламската држава“, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков. Освен тоа, ликвидиран е команден центар на организацијата „Џабхат ан Нусра” во Идлиб.

Според неговите зборови, за 24 часа во воздушните напади се уништени два командни центри на терористите, три магацини за муниција и оружје, два подземни бункери, 32 борбени позиции  на планинско-шумски терен, девет утврдени борбени позиции, пренесува „Взгљад”.

Руското Министерство за одбрана исто така соопшти дека терористите масовно ги напуштаат своите позиции во реонот на Дамаск.

„Прецизната примена на руската борбена авијација во провинцијата Дамаск доведе до суштинска промена на актуелната ситуација во овој реон. Терористите на ИД, поради недостиг на муниција, масовно ги напуштаат своите позиции“, изјави претставник на МО , а пренесува „Взгљад”.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња