Новата платформа, со чија изработка започна компанија „Паралелс“, ќе ѝ обезбеди електронски суверенитет на Русија, во склад со стратегијата за постигнување технолошка независност од САД, пишува „Комерсант“.
Планот е до крајот на 2016 година со таа цел да бидат вложени преку 1 милијарда рубли, со тоа што 50 отсто од уделот во „облакот“ би имало посебно правно лице, а другата половина би била во државна сопственост. Исто така, се предвидува дека до 2020 година платформата ќе има годишен обрт од околу 50 милиони долари, а нето профит – осум милиони долари.
Според портпаролот на компанијата „Паралелс“ Јулија Јасиновскаја, „облакот“ ќе биде направен согласно новиот руски закон кој стапува на сила на 1 јануари 2016 година. Со тој закон, помеѓу другото, се ограничуваат државните структури во користењето странски софтвер и се предвидува дека за такво нешто истите мораат да бараат дозвола.
Во моментов уделот на странски софтвер во Русија изнесува преку 75 отсто, во вкупна вредност од околу 90 милијарди рубли (1,5 милијарди долари) и претставува голем ризик за Русија, велат од компанијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче