МНР РФ: Русија ќе се придржува до позицијата на партнерство со САД

„Ние треба да работиме заедно, затоа што кога се делат проблемите на „свои“ и „туѓи“, тоа е пат што води во ќорсокак, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

Без оглед на разногласијата со САД по низа меѓународни проблеми, Русија ќе се придржува до позицијата на партнерство во решавањето на настанатите проблеми.

Ова го изјави за телевизијата „Русија 1“ во неделата, 18 октомври, портпаролот на МНР РФ Марија Захарова, пренесува ТАСС.  

„Не е во ред да се зборува: „Ние одиме без вас“. До крај ќе зборуваме дека вратите се отворени и треба да работиме заедно, затоа што кога се делат проблемите на „свои“ и „туѓи“, тоа е пат што води во ќорсокак. Без оглед на сите наши разногласија со Американците, со Вашингтон, без оглед на тоа што две години ни ставаа секакви сопки и за Украина, и за други прашања, ние зборуваме и ќе зборуваме: ајде да работиме заедно“, изјави Захарова. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња