Лавров: Путин ќе учествува на самитот на АТЕС на Филипините

Претседателот на Русија Владимир Путин ја прифати поканата да земе учество во самитот на Азиско-Тихооеканската економска соработка (АТЕС), изјави во понеделникот министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Претседателот на Русија Владимир Путин ја прифати поканата да земе учество во самитот на Азиско-Тихооеканската економска соработка (АТЕС), изјави во понеделникот министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, пишува „Росијскаја газета“.

Самитот ќе се одржи од 18-19 ноември оваа година. Лавров притоа истакна дека Филипините претставуваат перспективен партнер на Русија во Азиско-Тихоокеанскиот регион. На средбата со претседателот на Сенатот на Филипините Френклин Дрилон министерот за надворешни работи на Русија изјави: „Претседателот Путин ја прифати поканата на претседателот Акино да земе учество на самитот на АТЕС во ноември оваа година“.  

Претходно претставникот на Русија во АТЕС Валериј Сорокин соопшти дека „според последните официјални информации, самитот на АТЕС ќе се одржи во Манила... Русија му посветува големо внимание на учеството во АТЕС. Во сегашните околности АТЕС претставува една од малкуте мултилатерални области каде дијалогот се води во најконструктивни услови, мислам на неполитизираноста на агендата на АТЕС. Форумот на АТЕС е трговско-економски форум на кој се дискутираат и важни општествени прашања“.

Дипломатот исто така додаде дека „соработката со партнерите се одвива во најконструктивни и најповолни услови“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.