Државниот секретар на САД Џон Кери на конференцијата за печатот во Мадрид изјави дека во најскоро време се планира дискусија за ситуацијата во Сирија во која би учествувале Русија, Саудиска Арабија, Турција и Јордан, а извор во Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Кремљ е запознаен со таа иницијатива, пренесува РИА Новости.
Џон Кери рече дека таа дискусија би се одржала уште оваа седмица.
„Воено решение (за конфликтот во Сирија) не постои. За ова сите зборуваа. И Русите. Таа ситуација се однесува на сите земји во регионот“, објасни Кери.
Американскиот државен секретар нагласи дека руската поддршка за претседателот на Сирија Башар Асад може само да ја усложни ситуацијата. А ако Русија им помага на САД, ќе помогне во решавањето на проблемот со терористите од „Исламската држава“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче