Генерал Хоџис: На САД и на светот им е потребна Русија против ИД

Според зборовите на американскиот генерал Бен Хоџис, на светот му е потребна Русија за борба со исламскиот тероризам за да „создава нови маршрути за транспорт преку поларните глечери“.

На САД, како и на целиот свет, им е потребна Русија за да се справи со глобалните предизвици, пред сѐ за борба со терористичката организација „Исламска држава“, соопшти командантот на копнените сили на САД во Европа генерал Бен Хоџис во интервју за изданието „Дифенс Њуз“.

„Ние не сакаме да ја затвориме вратата, нам ни треба Русија. На светот му треба Русија, која ќе се врати во глобалната заедница заедно да се бори со исламскиот екстремизам, да создава нови маршрути за транспорт преку поларните глечери“, изјави Хоџис.

Генералот истакна дека постојат мноштво сфери каде Русија и другите земји, особено САД, можат успешно да соработуваат, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња