Захарова објасни дека ситуацијата во Сирија се покажала како оставена сама на себе и САД за 4,5 години само ја влошиле, соопштува ТАСС.
„Тоа е популистичко размислување (за обидите да се одвлече вниманието од Украина). Тоа не е прашање на некакво соперништво, тоа не е прашање за затворање на темата Украина или заминување во некакви други реалии“, изјави Захарова.
„Нам ни припишуваат соперништво со САД – втора суперсила и слично. Прашањето за тоа дека некогаш треба да се признае грешката на своите постапки не е затоа што некој така сака, туку затоа што тоа е реалноста. Ми се чини дека проблемот на Вашингтон е во тоа што тие, откако се качија на „Олимп“, никако не можат да ја признаат грешката на патот што го одбраа во однос на сирискиот конфликт“, истакна таа.
„Секогаш сме биле отворени и продолжуваме да бидеме отворени“, пренесува „RT“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче