Руското знаме свечено кренато над Алјаска

Пред 148 година Русија им ја продаде Алјаска на САД.

На Алјаска денеска, 18 октомври, свечено беше кренато знамето на Руската Федерација. Во најголемата американска сојузна држава се одбележува државниот празник – годишнината од дефинитивното преоѓање на Алјаска под јурисдикција на САД, соопшти ТВ-каналот „Русија 24”, а пренесува агенцијата „Регнум“.

Првпат по речиси век и половина на свеченоста ќе учествува и руска делегација. На Алјаска се организира голема прослава, а ќе биде организиран и телемост меѓу жителите на Ситка, Њујорк, Москва и Санкт Петербург.

Во текот на телемостот учесниците ќе дискутираат за отворање на Руски колеџ за уметност на Алјаска и обнова на Домот на губернаторот на Руска Америка, кој е уништен во пожар уште во 19 век. Токму пред оваа зграда на 18 октомври 1867 година е одржана церемонијата на предавање на Алјаска на Америка.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња