МНР Русија: Одржана средба со претставник на сириската опозиција

Според зборовите на Михаил Богданов, специјален претставник на претседателот на РФ за Блискиот Исток и Африка, операцијата е насочена кон давање ефикасен отпор на „Исламската држава“ и другите терористички организации.

Специјалниот претставник на претседателот на РФ за Блискиот Исток и Африка, заменик-министерот за надворешни работи на Русија Михаил Богданов имаше во Каиро средба со еден од лидерите на сириската опозиција Ахмед ал Џарба, кому му ги објаснил задачите на операцијата што ја спроведуваат во Сирија Воздушно-космичките силина РФ. За ова соопшти МНР РФ, а пренесува ТАСС.

„Во текот на разговорот беше детално дискутирана ситуацијата во Сирија и околу неа со акцент врз неопходноста од активирање на напорите со цел да се изнајде политичко решение за сириската криза врз основа на Женевското коминике од 30 јуни 2012 година“, истакнуваат од министерството.

„Михаил Богданов ги објасни задачите на операцијата што ја спроведуваат во Сирија Воздушно-космичките силина РФ, насочена кон давање ефикасен отпор на „Исламската држава“ и другите терористички организации“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња