Т-90 ќе станат роботи и ќе се обединат во глутници

Роботизираните тенкови ќе бидат обединети во единствена мрежа, а со роботите ќе управуваат оператори од безбедна оддалеченост од 3-5 км.

Рускиот главен борбен тенк Т-90 ќе биде роботизиран. Заменик-генералниот директор на „Уралвагонзавод” Вјачеслав Халитов смета дека роботизацијата на тенковите, кои веќе се во служба во војската, „не претставува никаков проблем”.

„Најдобра заштита за посадата на борбеното возило е нејзиното отсуство од тенкот. Ова не е научна фантастика, туку следна фаза во модернизацијата на техниката која ќе биде можна во блиска иднина“, рече Халитов.

Тој, исто така, истакна дека роботизираните тенкови Т-90 ќе бидат обединети во единствена мрежа, а со роботите ќе управуваат оператори од безбедна оддалеченост од 3-5 км.

„На бојното поле ќе има многу оклопни возила и, доколку управуваме, ќе управуваме со одреден број. Еден оператор на еден тенк не е многу ефикасна опција”,  рече Халитов.

Роботизацијата на руските оклопни возила е во полн ек. Така на изложбата „Денови на иновација“, одржана во средината на октомври во московското предградие Алабино, војската го претстави роботот БМП-3 кој е дел од беспилотниот систем „Удар”. Се состои од транспортен робот за огнена поддршка, извидувачки беспилотен уред од типот на хеликоптер и пункт за управување на база на камионот „Урал-4320”.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.