САД не се согласија со предлогот за заедничко спасување на пилоти од соборени авиони во Сирија, изјави заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов, пренесува „Взгљад”.
„Сите сме соочени со заедничкото зло –тероризмот, а главната манифестација на ова зло е ИД. Им понудивме на САД голема програма за соработка, вклучувајќи ја Сирија... За жал, САД одбија и засега не се подготвени на тоа“, рече Антонов.
Како што истакна тој, САД „категорично одбиваат „соработка“ и засега ја ограничуваат соработката на контакти меѓу министерствата за одбрана на двете земји во поглед на безбедноста на летовите“.
„Зар постои похумана цел од обединување на напорите за спасување на пилоти? Што има лошо во тоа ако САД и Русија соработуваат барем во оваа насока, затоа што таква катастрофа би можела да се случи и со руски пилот“, истакна Антонов.
„За жал, не нѐ слушаат и нашата соработка засега е ограничена на документот за безбедноста на летовите во Сирија, на кој работиме заедно со САД“, рече заменик-министерот и додаде дека верува дека меморандумот ќе биде почетна точка за можно проширување на соработката.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче