Обама: Пристапот на Иран и Русија кон ситуацијата во Сирија „не успеа и нема да успее“

Вашингтон од своја страна, според зборовите на американскиот претседател Барак Обама, пред сѐ има намера да ги „удвои напорите во борбата“ со „Исламската држава“.

Претседателот на САД Барак Обама е убеден дека пристапот на Иран и Русија кон ситуацијата во Сирија „не успеа и нема да успее“. Ваквото мислење тој го искажа на прес-конференцијата во Белата куќа поразговорите со претседателот на Република Кореја Пак Кун-хе, пренесува ТАСС.

„Како и Русија, тие едноставно го прават истото што го правеа последните пет години“, изјави Обама за Иранците. „И тоа е доказ дека нивниот основен импулс, нивната базична теорија во однос на тоа како да се реши ситуацијата во Сирија , не успеа и нема да успее“, смета шефот на Белата куќа.

„Сега во работата се вмешаа и Русите, а Иран ќе испрати уште луѓе, но и тоа нема да успее, затоа што тие се обидуваат да го поддржат режимот кој во очите на огромното мнозинство Сиријци е нелегитимен“, прогнозира претседателот на САД.  

Вашингтон од своја страна, според зборовите на Обама, пред сѐ има намера да ги „удвои напорите во борбата“ со „Исламската држава“. Истовремено Американците „ќе продолжат да ги негуваат односите со умерената опозиција, која може да послужи како канал за трансфер на новата власт во Сирија“, изјави претседателот на САД. Тие исто така сакаат „да продолжи процесот во кој Иранците, Русите, Турците, земјите од Персискиот залив  и сите заинтересирани страни да седнат заедно (на преговарачка маса) и да признаат дека е потребен политички трансфер доколку сакаме да ѝ ставиме крај на хуманитарната криза и да ја спасиме структурата на интегралната сириска држава“, додаде Обама.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња