Латвија за борба со нелегалната миграција планира да изгради на границата со Русија ограда во должина од 90 км, изјави министерот за внатрешни работи на републиката Рихардс Козловскис, а пренесува ТАСС.
Според неговите зборови, таму ќе има и камери за видео-надзор и системи со сензори. „Ова е потребно не за да се изгради „Кинески ѕид“ меѓу Русија и Латвија, ами за ограничување на приливот на нелегални мигранти“, смета Козловскис.
Оваа година за зајакнување на источната граница на Латвија ѝ се доделени 500 илјади евра, а за следната година – над 3 милиони евра, истакна министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче