Сириската армија започна офанзива за ослободување на Алепо со поддршка на руската авијација

Сириската армија продолжува со контраофанзивата против „Исламска држава“ за заземање на стратешки важниот град Алепо.

Сириската армија, со поддршка од Иран и либански „Хезболах“, започна офанзива за ослободување на градот Алепо, соопшти висок воен извор за агенцијата „Ројтерс“. „Тоа е ветената борба“, истакна тој. Соговорникот на агенцијата додаде дека руската авијација им пружа поддршка на владините сили.

Сирискиот центар за мониторинг на почитувањето на човековите права со седиште во Лондон соопшти некои детали за настаните на фронтот. Според неговите информации, тешки борби меѓу сириската армија и терористите имало на 12 километри јужно од Алепо, во близина на Џебел Азан.

Офанзивата е продолжение на операцијата што започна во провинциите Хама и Алепо. Западниот дел од градот Алепо веќе е под контрола на сириската армија, меѓутоа голем дел од градот е сѐ уште во рацете на бунтовниците од различни групи. Притоа на север од Алепо таканаречената умерена опозиција е под притисок на „Исламската држава“, пренесува „Комерсант“.


 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.