Меморандумот на Министерствата за одбрана на Русија и САД за безбедни летови во Сирија ќе биде потпишан во најскоро време, изјави во петокот началникот на главната оперативна управа на Генералштабот на ВС РФ генерал-полковник Андреј Картаполов.
„Сега сите технички прашања се усогласени и денес руски и американски правници вршат проверка на текстот на документот. Сметаме дека во најскоро време овој документ ќе биде потпишан“, рече Картаполов на брифингот за воените аташеа и новинарите.
Според неговите зборови, веќе е одржана трета видеоконференција со САД за подготовка на меморандумот меѓу двете министерства за спречување на инциденти и осигурување безбедни летови на небото над Сирија, пренесува РИА „Новости“.
„Тоа ќе овозможи услови да не настанат конкретни ситуации во кои би можело да дојде до инцидент во воздушниот простор на Сирија при дејствијата на авијацијата на РФ и коалициските партнери. Ние се залагаме за проширување на соработката во таа област и отворени сме за контакти со сите заинтересирани страни“, додаде Картаполов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче