Владите на Русија и Пакистан потпишаа договор за соработка во врска со изградбата на гасоводот „Север - Југ” од Карачи до Лахоре, пренесува „Взгљад”.
Според информациите од Министерството за енергетика на РФ, проектот ќе биде реализиран од страна на компанијата „РТ – Глобални ресурси“ која е во состав на државната корпорација „Ростех”. Гасоводот со должина од 1,1 илјади километри ќе ги поврзува терминалите за прием на течен гас во пристанишниот град Карачи на југот на Пакистан со градот Лахоре на северот на земјата.
Рокот за изградба на гасоводот е 42 месеци. Проектот ќе биде реализиран во три фази. Во првата фаза, до вториот квартал на 2018 година, ќе биде изграден самиот гасовод. Во втората фаза, до вториот квартал на 2019 година, ќе биде поставен дел од компресорските станици. Во третата фаза, до вториот квартал од 2020 година, ќе бидат пуштени во употреба сите компресорски станици, по што гасоводот ќе го достигне својот полн капацитет од 12,4 милијарди кубни метри годишно.
Покрај тоа, „Ростех” очекува дека конзорциумот ќе обезбеди кредити од руски и кинески банки за изградба на гасоводот. Свој удел ќе имаат и руски и странски инвеститори, вклучително и кинески и пакистански, но и потенцијалите изведувачи на работите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче