Медиум: ЕУ ќе бара Србија да воведе санкции против Русија

Одбивањето на Белград да се приклучи на санкциите против Русија ќе ја оддалечи Србија од зачленувањето во ЕУ, соопштува српскиот весник „Блиц“ повикувајќи се на дипломатски извори во Белград.

Воведувањето санкции против Русија ќе биде задолжителен услов за приближувањето на Србија кон ЕУ, пишува српскиот весник „Блиц“ повикувајќи се на дипломатски извори во Белград.  

Властите во Србија многупати изјавија дека нема да се придружат на мерките на ограничување против Русија, меѓутоа, како што истакнува изданието, Брисел во врска со ова се подготвува да постави цврст услов.

„За да може да биде отворено Поглавјето 31 за надворешната политика во преговорите со Брисел, владата во Белград ќе треба во многу повисок степен од досега да го усогласува своето поведение со Брисел. Тоа, според зборовите на нашите соговорници, едноставно значи дека Србија треба да се приклучи на европските санкции против Русија, пишува весникот.

Поглавјето 31 од таканареченото преговарачко портфолио се нарекува „Надворешна политика, политика на безбедност и одбрана“ и има за цел во целост да ја усогласи политиката на земјата-кандидат во овие области со единствената позиција на ЕУ. Отворањето на преговорите за ова поглавје, според информациите на изворите, се планира веќе следната година.

„Одбивањето на Белград да се приклучи на санкциите ќе биде критикувано и во извештајот за напредокот на Србија кон ЕУ кој Европската комисија ќе го објави месецов“, соопштува „Блиц“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња