Експерт: За регулирање на ситуацијата во Сирија ќе бидат потребни години

Рускиот политиколог Евгениј Сатановски за „Росијскаја газета” зборува за тоа кој стои зад кулисите на блискоисточните настани и ја крои новата карта на тој регион.

Рускиот политиколог и стручњак за Блискиот Исток Евгениј Сатановски смета дека главната закана на Блискиот Исток не е терористичката организација „Исламска држава”.  „Главната закана лежи во тоа што сојузот на салафитските монархии на Персискиот залив, без чија заткулисна поддршка многу екстремистички организации не би можеле да опстанат, може целосно да го преуреди Блискиот Исток. Тоа е вистинската закана“, изјави Сатановски за „Росијскаја газета”.

„Некогаш Советскиот Сојуз и САД како две суперсили сметаа дека тие управуваат со блискоисточните процеси, но во суштина тоа не беше така. Денес на позицијата на Американците големо влијание имаат Саудиска Арабија и Катар. И на тоа трошат навистина многу пари“, објаснува Сатановски.

Што се однесува до иднината на Сирија, рускиот експерт смета дека таа не може да биде решена за неколку дена, недели или месеци. Овој процес би можел да потрае со години, додава тој. „Сирија може да се распадне, може да се зачува како земја во скратена варијанта или може дефинитивно да исчезне од картата, опстанувајќи само на хартија“, изјави стручњакот.

Соработката меѓу Русија и Америка е тешко возможна, затоа што Русија се бори против терористите, а американските колеги против едни терористи се борат, а против други не, смета рускиот експерт за блискоисточни прашања. „Затоа се добива таков резултат дека би било подобро кога тие (Американците) воопшто не би работеле ништо“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.