Украина подготвена да оди на суд со Русија

Според зборовите на украинскиот премиер Арсениј Јацењук, Киев ќе бара од Москва не помалку од 1 трилион долари за Крим и Донбас.

Украина е подготвена да се суди со Русија околу прашањето за реструктуризација на долгот на Киев од 3 милијарди долари, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук на брифингот за новинарите.

„Подготвени сме за судска постапка за случајот“, изјави тој, пренесува РИА „Новости“.

Според неговите зборови, Киев ѝ нуди на Москва на 29 октомври уште еднаш да ги разгледа условите понудени од украинската страна за реструктуризација на долгот и негово делумно отпишување кои претходно му беа предложени на Специјалниот комитет на кредитори.

„На 29 октомври предлагаме Русија уште еднаш да донесе одлука дали се подготвени да прифатат (условите на Украина)“, рече Јацењук.

Во случај да бидат одбиени понудените услови, Киев има намера да го решава ова прашање во судска постапка. Јацењук апелираше до РФ „да застане во редот на нормалните земји кои донесоа одлука за реструктуризација“.  

Украина се подготвува за правна војна со Русија, додаде тој. Според неговите зборови, Украина ќе бара од РФ не помалку од 1 трилион долари за Крим и Донбас. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.