Штајнмаер: Да не се дозволи руско-американски конфликт во Сирија

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изјави дека интервенциите на Москва и Вашингтон во Сирија не смеат да доведат до конфликт меѓу Русија и САД.

Акциите на Москва и Вашингтон во Сирија не смеат да завршат со судир меѓу Русија и САД, изјави министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер. Тој ги повика РФ и САД да вложат напори за да се изнајде политичко решение за Сирија, пренесува „Взгљад”.

„Сега мораме да ги убедиме Русија и САД да не го користат својот воен ангажман така што тој ќе заврши со конфликт меѓу двете земји“, рече Штајнмаер во Бундестагот. Како што смета тој, руската воена интервенција не ја подобрила ситуацијата во Сирија.

Според неговите зборови, од друга страна, потребно е во преговарачкиот процес да се вклучат регионални држави како Саудиска Арабија и Иран и да се пронајде начин за почеток на политички процес. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.