Русија обвинета за „валкана кампања“ против членството на Црна Гора во НАТО

Претседателот на Атлантскиот сојуз на Црна Гора Саво Кентера изјави дека Русија ја интензивирала кампањата против членството на Црна Гора во НАТО.

Претседателот на Атлантскиот Сојуз на Црна Гора Саво Кентера изјави дека Русија ја интензивирала „валканата кампања“ против црногорското членство во НАТО, пренесува порталот „Аналитика”.

Според неговите зборови, Русија индиректно е против зачленувањето на Црна Гора во НАТО.

„Таа (кампањата) е валкана од првиот ден, откако почна пред еден месец. Станува збор, најблаго кажано, за гадости кои одредени луѓе се подготвени да ги сторат“, рече претседателот на Атлантскиот сојуз на Црна Гора.

Тој, меѓутоа, не можеше да каже за кои луѓе станува збор. „За жал, не можам, затоа што тие не сакаат и немаат храброст да се претстават со име и презиме. Тие не се подготвени за тоа, туку се кријат зад разни псевдоними и прекари на социјалните мрежи“, истакна Кентера.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња