„Њујорк Тајмс“: Русија во Сирија демонстрираше супериорност над американското оружје

Американското издание пишува дека руската војска во Сирија демонстрирала способност за спроведување големи операции надвор од границите на својата земја, како и ново вооружување, тактика и стратегија.

Двете недели од воздушните и ракетните напади во Сирија им овозможија на западните аналитичари и воени претставници да ја сфатат сериозноста на модернизацијата на руската војска под водство на Путин, пишува „Њујорк Тајмс“, а пренесува „Взгљад”.

Како што наведува американското издание, руската војска демонстрирала способност за спроведување големи операции надвор од границите на својата земја, како и ново вооружување, тактика и стратегија.

Нападите што ги спроведува руската авијација, вклучувајќи ги и оние со новите бомбардери Су-34, никогаш не биле користени во борба. А крстосувачките ракети „Калибар”, лансирани од бродовите на Касписката флота, според некои аналитичари, ги надминуваат американските во технолошките можности.

Руската војска им даде поддршка на сириските трупи кои преминаа во офанзива од подрачје под контрола на сириските власти. Можно е во блиска иднина во офанзива да тргнат и иранските сили, формирани во северната провинција Алепо. Тоа е токму она што американските власти го нарекуваат прва руска воена кампања надвор од поранешните советски граници, уште од распадот на Советскиот Сојуз, која со месеци била грижливо планирана,наведува весникот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња