Меркел: Дијалогот со РФ е потребен за деескалација во Сирија

Канцеларката на Германија Ангела Меркел истакна дека најважна причина за приливот на мигранти во Европа беше и останува војната во Сирија.

За решавање на сириската криза е потребен дијалог со учество на Русија и државите од регионот, изјави канцеларката на Германија Ангела Меркел во текот на нејзиниот настап во Бундестагот во четвртокот.

Настапот на Меркел беше директно пренесуван од телевизијата „Феникс“.

„Најважна причина за приливот на мигранти во Европа беше и останува војната во Сирија. За да се стабилизира во долгорочна перспектива ситуацијата во земјата која толку страшно се измачува од теророт и насилството нам, се разбира, ни е потребен процес на политички дијалог во кој треба да учествува Русија и другите меѓународни фактори, вклучувајќи ги и државите во регионот“, рече германската канцеларка, пренесува РИА „Новости“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња