Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во четвртокот дискутираше со државниот секретар на САД Џон Кери за прашањето на усогласување мерки на безбедност во воздушниот простор на Сирија, соопшти прес-службата на МНР РФ
„Во четвртокот на американска иницијатива е одржан телефонски разговор меѓу министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери. Во центарот на вниманието се најде ситуацијата во Сирија“, се наведува во соопштението на МНР РФ.
„Страните изразија задоволство од соработката на воените ресори на Русија и САД во процесот на утврдување мерки на безбедност во воздушниот простор на Сирија во контекст на антитерористичките дејствија“, пренесува „Взгљад”.
Во соопштението исто така се наведува дека министерот и државниот секретар се договориле да продолжат со контактите во врска со различните аспекти за решавање на ситуацијата во Сирија.
Покрај тоа, страните го разгледале и текот на реализацијата на „Минската спогодба“ во процесот на политичкото решавање на украинската криза, земајќи ги предвид резултатите од средбата на лидерите на „Нормандиската четворка“ во Париз на 2 октомври.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче