Според резултатите од социолошката анкета нарачана од ТВ-каналот „Фокс Њуз“, 70% Американци смета дека администрацијата на претседателот на САД Барак Обама нема план за решавање на ситуацијата во Сирија, додека 46% од испитаниците искажале став дека потезите на Русија во Сирија се „моќни и промислени“, пренесува ТАСС.
Резултатите од анкетата спроведена од 10 до 12 октомври покажуваат дека 53% Американци смета дека претседателот на Русија Владимир Путин „победува” во Сирија.
Политиката на американскиот претседател во Сирија ја одобруваат само 22% испитаници. 69% сметаат дека борбата на САД против ИД во Сирија се одива неуспешно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.