Русија се судри со информативна агресија во врска со објавувањето на извештајот за „Боингот“, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова, а пренесува РИА „Новости“.
„За жал, повторно мора да констатираме дека се наоѓаме во уште еден стадиум на информативна агресија (против Русија)“, изјави Захарова.
Портпаролот на МНР ја коментираше сторијата на каналот „Евроњуз“ за објавувањето на извештајот од страна на Советот за безбедност на Холандија за причините за катастрофата на летот MH17 над Украина.
„Позициите на сите страни (во сторијата) беа претставени – се разбира, освен позицијата на РФ“, потенцираше Захарова.
„Според што се раководела редакцијата на каналот, ние не знаеме. Медиум кој држи до себе при подготовка на стории на толку остри теми секогаш им отстапува место на сите страни“, изјави портпаролот на МНР РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче