Путин го награди Медведев со орден „За заслуги за Татковината“ од 1 степен

Премиерот на РФ Дмитриј Медведев е награден „за исклучителни заслуги за државата, големиот удел во општествено-економскиот развој на Руската Федерација“.

Претседателот на Русија Владимир Путин го награди премиерот Дмитриј Медведев со орден „За заслуги за Татковината“ од 1 степен.

Ова е соопштението објавено денеска на официјалниот интернет-портал за правни информации, пренесува ТАСС.

Претседателот на владата е награден „за исклучителни заслуги за државата, големиот удел во општествено-економскиот развој на Руската Федерација“, се истакнува во текстот на указот што го потпиша шефот на државата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња