Лавров за Донбас

Шефот на Министерството за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров зборуваше во Државната дума за Сирија, Донбас, за извештајот за рушењето на малезискиот „Боинг“ и други теми. „Руска реч на македонски“ ви ги пренесува главните тези од говорот на министерот на 14 октомври.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, во текот на денешниот говор во Државната дума, се осврна на прашањето за реализацијата на „Минската спогодба“ и за ситуацијата во Донбас.

„Руската Федерација нема да дозволи таков развој на настаните на истокот на Украина за кој вие сега хипотетички кажавте (дека Донбас се нашол под блокада), затоа што „Минската спогодба“ е невозможно погрешно да се интерпретира - таму многу јасно е дефинирана последователноста на чекорите“, рече министерот.  

„Најпрвин треба да се направи тој постојан статус (на Донбас) да биде имплементиран на постојана основа и во законот на Украина, и во Уставот на Украина. Во „Минск“ (Минската спогодба) директно се содржани овие барања. Како второ, се разбира, треба да има целосна амнестија, треба да се одржат слободни избори чиј модалитет украинското раководство е обврзано да го усогласи со Донбас според „Минската спогодба“, изјави Лавров.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.