„Очигледно е дека во сегашната ситуација треба да се договараме врз основа на вистинска рамноправност, последните настани покажуваат дека водата и каменот го троши – солидарните дејствија можат да ги решат сложените проблеми“, изјави Лавров.
Американските колеги продолжуваат да спроведуваат политика на своја ексклузивност и се стремат да го уредат глобалното поле со унифицирани западни стандарди, смета министерот.
„За жал, нашите американски колеги продолжуваат да ја спроведуваат политиката за обезбедување на своето лидерство, на својата ексклузивност, како што многупати имаат кажано, на меѓународната арена како, во суштина, безалтернативно водење на работите, се стремат, ако можам така да се изразам, да го уредат глобалното поле со унифицирани, нивни сопствени стандарди“, пренесува „Взгљад“.
„Притоа уште еднаш ќе потенцирам, ние остануваме потполно отворени за обнова на соработката во целосен формат и со Европската унија, и со Соединетите Држави. Се разбира, кога нашите западни партнери ќе се оддалечат од својата сегашна позиција која се потпира на бесперспективниот јазик на ултиматуми и нелегитимни санкции“, изјави министерот за надворешни работи на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче