Франција се надева дека во иднина ќе ѝ продаде на Русија нови бродови, и покрај пропадната зделка со носачите на хеликоптери „Мистрал“, ја пренесува „Асошиејтед Прес“ изјавата на францускиот претседател Франсоа Оланд во текот на неговата посета на бродоградилиштето Сен Назер на западот на Франција.
„Односите со Русија, која се согласи на откажување на зделката, се подобрија. Дури мислам дека можеме да постигнеме договор за нови бродови“, изјави Оланд.
Во текот на посетата, претседателот на Франција се качи на палубата на едниот од „Мистралите“ кои треба да бидат испорачани на Египет.
Париз и Каиро во саботата потпишаа договор за купопродажба на носачите на хеликоптери од класата „Мистрал“, соопшти РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче