Американски генерал: Потребно ни е учеството на Русија во борбата со ИД

Командантот на копнените сили на САД во Европа генерал Бен Хоџис смета дека е суштинско учеството на Русија во борбата против терористите од „Исламската држава“.

Командантот на копнените сили на САД во Европа генерал Бен Хоџис смета дека е суштинско учеството на Русија во борбата против терористите од „Исламската држава“. 

„Потребна ни е Русија како дел од анти-ИДИЛ, доколку тоа е она што тие (Русија) ќе го прават“, го цитира одговорот на Хоџис на прашањето за можноста од американско-руска соработка агенцијата „Спутник“.

Без оглед на оваа изјава, Хоџис е критичен спрема учеството на Русија во борбата против „Исламската држава“ во Сирија.

„Тоа ќе ги усложни работите во Европа, со оглед на зголемувањето на бројот на бегалци“, рече амеикаскиот генерал.

Во текот на изминатите две недели, Русија изврши над 400 воздушни напади и уништи околу 370 објекти во операцијата против „Исламската држава“ во Сирија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.