Репрезентацијата на Русија со победата против Црна Гора се избори за директно учество на првенството на Европа во фудбал. Натпреварот во последното коло на групата Г се одигра во Москва и заврши со резултат 2:0. Русија го зазеде второ место во групата зад Австрија.
Во последните четири натпревари избраниците на селекторот Леонид Слуцки остварија максимален резултат, победувајќи ги Шведска (1:0), Лихтенштaјн (7:0), Молдавија (2:1) и Црна Гора (2:0).
Ждрепката за ЕУРО 2016 ќе се одржи на 12 декември во Париз.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.