Путин: Русија го достигна врвот на кризата

Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на форумот „Русија повикува“ изјави дека Русија го достигнала врвот на кризата.

Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на форумот „Русија повикува“ изјави дека Русија го достигнала врвот на кризата. Според неговите зборови, руската економија се адаптирала на сложената ситуација и  ќе го обнови растот во следните неколку години. „Ова се заклучоци врз основа на скромни, реалистични прогнози според цената на нафтата од 50 долари за барел“, додаде тој, а пренесува „Лента.ру“.

Путин изјави дека една од причините за одливот на капиталот од пазарите во развој, вклучително и од Русија, е политиката на Федералниот систем за резерви. Притоа во третиот квартал од тековната година во РФ се забележува чист прилив на капитал.

Според неговите зборови, инвеститорите може да ги привлече порастот во индустријата за нафта и гас, на пример, во земјоделството. Освен тоа, силна страна на руската економија се образованите кадри, одговорната влада и Централната банка. Претседателот исто така изјави дека воведувањето на флуктуирачки курс на рубљата било навремено. Покрај тоа, тој потенцираше дека ограничување на движењето на капиталот нема да има. „Во 2009 година ние не ја ослабивме рубљата, затоа што сметавме дека економијата не е подготвена за такви мерки. Потрошивме големо количество од резервите за одржување на курсот. Но ниту тогаш, ниту сега, немавме намера да воведуваме ограничување на движењето на капиталот. Немаме намера да го правиме тоа“, изјави Путин.

На 30 септември Светската банка соопшти дека руската економија го достигнала дното. Според резултатите од 2015 година, која стана најлоша од економска гледна точка за последните шест години, Министерството за економски развој на Русија очекува пад за 3,9 проценти, Централната банка на РФ – за  3,9-4,4 проценти при цена на нафтата од 52 долари за барел.  

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња