Селекторот на репрезентацијата на Русија во фудбал Леонид Слуцки ќе добие 1 милион евра награда за пласманот на Европското првенство во 2016 година, изјавија неколку извори блиски до селекторот.
„Сумата на премијата за селекторот на репрезентацијата во случај на пласман во завршницата на првенството на Европа беше договорена уште додека беше селектор Фабио Капело. Леонид Слуцки ќе добие 1 милион евра од РФС“, изјави изворот.
Според зборовите на друг извор, премиите за играчите на репрезентацијата ќе зависат од тоа колку време активно поминале на теренот. „На пример, Алан Касаев, кој беше во составот на екипата, но не се појави на теренот, нема да добие ништо“, потенцираше соговорникот на ТАСС.
Слуцки дојде на чело на репрезентацијата на Русија во август како замена на Фабио Капело. Под раководство на Слуцки, репрезентацијата на Русија победи на четири натпревари по ред во квалификациите за ЕП 2016 и директно се пласираше во завршницата на првенството која ќе се игра во Франција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче