Холандија ја потврди верзијата на „Алмаз-Антеј“ за ракетата што го собори „Боингот“

Можеме со сигурност да кажеме дека „Боингот“ е погоден со ракетен систем „Бук“, а го соборила ракета 9М38 од територија која била под контрола на украинските сили, рече советникот на главниот инструктор на Групата ПВО „Алмаз – Антеј“ Михаил Малишевски.

Претседателот на Советот за безбедност на Холандија Тибе Јустра изјави дека малезискиот „Боинг“ над Украина го соборила ракета 9М39, односно ја потврди верзијата која во вторникот ја изнесоа претставниците на главното конструкторско биро на Групата ПВО „Алмаз-Антеј“, пренесува „Взгљад“. 

„Боингот“ го соборила ракета „Бук“ која експлодирала од левата страна на пилотската кабина, изјави Тибе Јустра. Тоа е ракета од класата „земја-воздух“.

Истото претходно го изјавија и експертите на „Алмаз-Антеј“. Концернот изведе два експеримента: првиот на 31 јули и вториот на 7 октомври, откако експертската комисија на Холандија одби да учествува во првиот експеримент. Во концернот „Алмаз-Антеј“ исто така докажаа дека ракетата е лансирана од територија која тогаш беше под контрола на украинската војска.   

„Денес можеме со сигурност да кажеме дека доколку „Боингот“ е погоден од ракетен  систем „Бук“, го соборила ракета 9М38 од правец на населбата Зарошченское”,  изјави советникот на главниот конструктор на Групата ПВО ᾿Алмаз - Антеј᾿ Михаил Малишевски.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.