Путин: Победата на Лукашенко сведочи за висок политички авторитет

Претседателот на РФ Владимир Путин искажа увереност дека државничката дејност на белорускиот претседател Александар Лукашенко ќе придонесе за развој на руско-белоруското стратешко партнерство.

Претседателот на РФ Владимир Путин упати телеграма со честитки до Александар Лукашенко по повод неговиот избор за претседател на Република Белорусија, соопшти прес-службата на Кремљ, а пренесува ТАСС.

Во телеграмата Путин потенцира дека „убедливата победа на Лукашенко на изборите сведочи за високиот политички авторитет и доверба од страна на населението, како и за активната поддршка на курсот што се спроведува за понатамошен општествено-економски развој на земјата.  

Шефот на руската држава изрази увереност дека државничката дејност на белорускиот претседател Александар Лукашенко ќе придонесе за развој на руско-белоруското стратешко партнерство, зацврстување на Сојузната држава, зголемување на соработката во рамките на Евроазиската економски сојуз, Заедницата на независни држави и другите меѓународни структури.

Претседателот на РФ исто така го потврди духот за продолжување на конструктивната заедничка работа за доброто на братските народи на двете земји. Претходно беше соопштено дека Александар Лукашенко победи на изборите за претседател на Русија со освоени 83,49% гласови на избирачите.

На 61-годишниот Александар Лукашенко ова ќе му биде петти мандат ако претседател на Белорусија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.