Обама: САД знаеја за руските планови за воена помош на Асад

Операцијата на руското воено воздухопловство против „Исламската држава“ во Сирија не беше неочекувана за Вашингтон, затоа што Русија е загрижена за можниот колапс на режимот, изјави американскиот претседател Барак Обама.

САД знаеја дека Русија планира да му даде воена помош на сирискиот претседател Башар Асад, така што операцијата на руското воено воздухопловство против „Исламската држава“ во Сирија не беше неочекувана за Вашингтон изјави американскиот претседател Барак Обама во интервју за „Си-Би-Ес“, а пренесува РИА „Новости”.

„Имаме доволно добра разузнавачка служба. Ние набљудуваме... Знаевме дека тој (рускиот претседател Владимир Путин) планира да му ја даде воената поддршка што му беше потребна на Асад, затоа што тие (Русите) беа загрижени поради можниот колапс на режимот“, рече Обама, одговарајќи на прашањето дали знаел за можната акција на Руската Федерација во Сирија во текот на состанокот со Владимир Путин во Њујорк.  

Американскиот претседател смета дека руската стратегија во Сирија нема да донесе резултати, а како показател за тоа го наведува фактот дека Руската Федерација одлучила да испрати борбени авиони во тој регион. Според него, победа над ИД не може да биде постигната сѐ додека Асад е на власт.

Истовремено, Барак Обама го призна неуспехот на американската програма за обука на сириската опозиција кога новинар истакна дека во неа постојат „сериозни грешки“, и дека нејзините резултати се „срамни“.

Американскиот претседател изјави дека САД имаат намера да продолжат со поддршка за умерената опозиција која ќе се бори за заминување на Асад, но не планираат воена операција во Сирија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња