Лондон негира дека им дал дозвола на британските пилоти да ги напаѓаат авионите на РФ во Ирак

Претходно медиумите соопштија дека на британските пилоти им е дозволено да отворат оган во случај да бидат загрозени од руски воени авиони.

Министерството за надворешни работи на Велика Британија ја нарече неточна информацијата на локалните медиуми по повод правилата за водење борбени дејствија на британското воено воздухопловство во Ирак.

„Можеме да потврдиме дека нашето воено аташе во Москва беше во посета на Министерството за одбрана на Русија. Руската влада побара објаснување по повод неточните репортажи на весниците кои се однесуваат на правилата за водење борбени дејствија на кралското воено воздухопловство во Ирак“, изјави за „Интерфакс“ претставник на британското министерство.

Претходно лондонскиот весник „Дејли Стар Сандеј“, повикувајќи се на сопствени извори во Министерството за одбрана на Обединетото Кралство, соопшти дека пилотите на НАТО, вклучувајќи ги и британските кои летаат со авионите „Торнадо“, добија право да ги нападнат во воздушниот простор на Ирак воените авиони на РФ доколку настане ситуација која е „закана по нивните животи“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња