Чешки министер: Русија со автобуси ги префрлува бегалците во Европа

„Јас не можам да го докажам тоа, но треба да се постави прашањето: кому му одговара сегашната кампања против Европската унија“, изјави чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки.

Министерот за одбрана на Чешка Мартин Стропницки изјави дека е можно движењето на бегалците во Европа да е финансирано од Москва, пишува порталот iDNES.cz.

„Министерот за одбрана на Унгарија доби информација која не можам да ја потврдам, но немам причина да не верувам... Информација дека на Балканот имаше голем број автобуси за бегалците... Никој не знае од каде дошле тие автобуси, но сосема е можно да ги финансирала Русија”, изјави Стропницки.

Шефот на чешката одбрана додаде дека владата не ја исклучува можноста Русија да продолжи да го финансира превозот на бегалците.

„Јас не можам да го докажам тоа, но треба да е постави прашањето: кому му одговара сегашната кампања против Европската унија”, изјави чешкиот министер.

Претходно вонредниот и ополномоштен амбасадор на Полска во Русија Катажина Пелчињска-Наленч апелираше Русија да ѝ помогне на Европската унија да се избори со напливот од бегалци.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.