Руската авијација за 24 часа уништи 53 утврдувања на терористите во Сирија

Од авио-базата Хмејмим авионите Су-34, Су-24 и Су-25СМ извршија 64 напади на 53 објекти во провинциите Хама, Латакија, Идлиб и Рака, соопшти претставник на руското Министерство за одбрана.

Руските авиони во Сирија за 24 часа уништија 53 утврдени реони на терористите, соопшти на брифингот за новинарите портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков. Тој додаде дека во редовите на терористите од „Исламската држава“ се шири паника.

„Руската авијација за 24 часа уништи 53 утврдени реони на терористите, еден команден центар, четири кампови за обука на терористите, седум магацини“, изјави  Конашенков, а пренесува „Взгљад”.

„Од авио-базта Хмејмим авионите Су-34, Су-24 и Су-25СМ извршија 64 напади врз 63 објекти во провинциите Хама, Латакија, Идлиб и Рака”, додаде тој.

Воздушно-космичките сили на Русија во реонот на Ачан во провинцијата Хама уништија објекти на терористите, магацини со муниција и магацини за материјално-техничко снабдување”, соопшти Конашенков. 

Во реонот на населбата Кафер-Делба, провинција Латакија, бомбардер Су-24М изврши напад на добро камуфлирана позиција на која се наоѓаа возила за непристапни терени, опремени со минофрлачи. Мобилната минофрлачка батерија од шест возила е уништена во нападот“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.