Владите на земјите-членки на НАТО треба да ги заострат санкциите против Русија доколку договорот за прекин на огнот на истокот на Украина не биде почитуван, се наведува во соопштението на Парламентарното собрание на НАТО.
Земјите на НАТО треба да будат „подготвени да ги заострат санкциите доколку Русија не ги исполнува своите обврски спрема Украина“, се вели во предлог-резолуцијата на Комитетот за економија и безбедност на Парламентарното собрание на НАТО, објавен на сајтот на организацијата, пренесува „Взгљад”.
Се очекува резолуцијата да биде усвоена на Парламентарното собрание на НАТО денеска, 11 октомври.
Во предлог-документот исто така се наведува дека постојните санкции треба да бидат задржани сѐ додека Русија во целост не ја реализира „Минската спогодба“ за прекин на огнот.
„Владите на членките на НАТО да ѝ обезбедат целосна поддршка на украинската влада и да се обидат да го ослабат економското влијание на Русија по пат на намалување на зависноста на Европа од руските нафта и гас“, пишува во предлог-резолуцијата.
Парламентарното собрание на НАТО истовремено истакнува дека е неопходно продолжување на дијалогот со Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче