Јароваја: НАТО треба да ги објасни информациите за можен напад врз руски авиони

Формулацијата „закана по живот” е очигледно бесмислена, затоа што руските војници имаат директна задача да реализираат исклучително напади врз цели на ИД на земја во Сирија и не можат дури ни хипотетички да претставуваат закана за британските пилоти, објасни претседателката на Комитетот на Државната дума на РФ за безбедност и борба против корупцијата Ирина Јароваja.

НАТО треба да ги потврди или демантира информациите кои се појавија во медиумите за тоа дека на британските пилоти им е дозволено да ги нападнат руските авиони, изјави во неделата, 11 октомври, претседателката на Комитетот на Државната дума на РФ за безбедност и борба против корупцијата Ирина Јароваја.

„НАТО треба да ги потврди или демантира информациите на медиумите за тоа дека на британските пилоти кои учествуваат во воените дејствија во Ирак им е дозволено да ги нападнат руските авиони во случај да биде загрозен нивниот живот. Инаку молчењето може да се протолкува како протекување на информации за поддршката која НАТО ја дава на ИД“, изјави пратеничката на Думата, пренесува ТАСС.

Според нејзините зборови, „закана по живот” е очигледно бесмислена, затоа што руските војници имаат директна задача да реализираат исклучително напади врз цели на ИД на земја во Сирија и не можат дури ни хипотетички да претставуваат закана за британските пилоти.

„Освен тоа, ако се потврдат информациите на медиумите, излегува дека НАТО има намера да ја штити ИД, вршејќи воени злосторства против Русија, против антитерористичката коалиција која делува исклучително во согласност со меѓународното право“, заклучува Јароваја. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.