Дизел-електричната подморница „Ростов-на-Дон“ од проектот 636.3 во рамките на планираното тестирање на вооружувањето во петокот успешно изврши гаѓање од високопрецизниот ракетен систем „Калибар” на цел во море, рече шефот на прес-службата на Северната флота прва класа Вадим Серга, а пренесува „Взгљад”.
„Лансирањето на крстосувачката ракета е извршено од позиција под вода. Погодена е цел на полигонот за борбена обука на Северната флота во Баренцовото море“, рече Серга.
„Поморската цел, која се наоѓаше на далечина од неколку стотици километри, беше погодена со висока прецизност“, рече портпаролот на Северната флота.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче