Русија ќе разговара со САД за безбедноста на воздушниот простор во Сирија, соопшти Пентагон.
„Министерството за одбрана (на САД) доби официјален одговор од руското министерство на предлогот да се разгледа безбедноста на воздушните операции на небото над Сирија“, изјави за новинарите портпаролот на Пентагон Питер Кук, пренесува „Би-Би-Си“.
Во моментов предлозите од руската страна се разгледуваат, објасни Кук. Според неговите зборови, разговорите, најверојатно, ќе се одржат во текот на викендот.
Претходно Русија се обрати до Велика Британија со барање да добие информации за инфраструктурата на екстремистите во Сирија „за зголемување на ефикасноста на воздушните напади“, пишува „Интерфакс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче