Терористите на „Исламската држава” во Сирија се деморализирани и активно се повлекуваат од воените зони, соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува „Взгљад”.
„Според снимките на кои се забележани разговори, милитантите имаат голем недостиг на оружје, муниција, гориво и мазива. Дел од борците е деморализиран и активно го напушта подрачјето на борба, движејќи се во источен и североисточен правец“, рече Конашенков.
Според неговите зборови, во овој момент на речиси целата територија на Сирија се забележува „активно преместување“ на вооружување, воена опрема и возила со муниција, со цел „итно враќање на борбената способност на бандитската група ИД“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.