Министерствата за финансии на Русија и Украина не се договорија во текот на средбата во саботата за реструктуризација на долгот на Киев од 3 милијарди долари, но се договорија да продолжат со дијалогот. Ова го изјави за новинарите министерот за финансии на РФ Антон Силуано, пренесува ТАСС.
„Ние искажавме позиција за неопходноста од враќање на долгот спрема РФ. Колегите од министерството за финансии на Украина рекоа дека тие немаат пари за тоа во буџетот и ни предложија да учествуваме во реструктуризација паралелно со комерцијалните кредитори. Позицијата на Русија беше спротивна за тоа: ние не сме комерцијален кредитор, ние сме суверен, затоа за нас таквите услови се неприфатливи“, раскажа Силуанов за средбата.
Русија очекува целосно враќање на долгот во декември, изјави Силуанов. Од своја страна, министерката за финансии на Украина Наталија Јареско соопшти дека Украина нема намера да ѝ дава на Русија поповолни услови за плаќање на евроообврзниците во износ од 3 милијарди долари од оние услови кои беа договорени со групата приватни кредитори.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче