„Фајненшел Тајмс“: Камерон и Меркел разговараа за санкциите против Русија

Според информациите на „Фајненшел Тајмс“, премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон и канцеларката на Германија Ангела Меркел се договориле санкциите против Русија да не бидат укинати сѐ до целосна реализација на „Минската спогодба“.

Британскиот премиер Дејвид Камерон го прослави својот 49-роденден во друштво на канцеларката на Германија Ангела Меркел, соопштува „Фајненшел Тајмс“.

Меркел и Камерон, помеѓу останатите прашања, разговарале и на тема укинување на европските санкции против Русија.

„Страните се согласија дека Европската унија треба да ги остави на сила санкциите против Русија до исполнување на „Минската спогодба“ во целосен обем“, го цитира „Фајненшел Тајмс“ официјалното соопштение на прес-службата на шефот на британската влада. И Камерон и Меркел се држат до непопустливата позиција по ова прашање, потенцира изданието.

Двајцата лидери „ја потенцираа важноста на финансиската и практичната поддршка за Украина“, се вели во соопштението. Освен тоа, Камерон го истакнал напредокот кој го постигнале Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд на разговорите на „Нормандиската четворка“, пренесува „RT“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња