Американска компанија загрижена поради маневрите на руски сателит

Руски воен сателит стоел пет месеци на место меѓу два уреди на американската компанија „Интелсат“, што предизвикало загриженост во компанијата, пишува „Комерсант”.

Руски воен сателит стоел пет месеци на место меѓу два уреди на американската компанија „Интелсат“, што предизвикало загриженост во компанијата чии соработници одржале состанок во врска со ова прашање, пишува „Комерсант”.

Сателитот „Луч” („Зрак”) е лансиран во септември 2014 година и седум месеци подоцна се преместил во орбитата во точка која се наоѓа меѓу сателитите „Интелсат 7“ и „Интелсат 901“. Понекогаш оддалеченоста од рускиот до американскиот сателит изнесува 10 км, соопшти извор на магазинот „Спејс Њуз“, додавајќи дека ова растојание е мало.

„Ова е ненормално однесување и ние сме загрижени“, изјави директорката на „Интелсат“ Кеј Сирс. „Дефинитивно ни се потребни одговорни оператори. Вселената е сфера која треба да биде под заштита”,  додаде таа, укажувајќи дека рускиот сателит немал никаков влијание врз работата на апаратите на „Интелсат“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња